Фудбалерите на Интер Мајами се вратија на победничкиот колосек со враќањето на Лео Меси. Тимот од Флорида на домашен терен славеше против Торонто со 4-0 откако Меси го пропушти претходниот меч поради репрезентативни обврски.
Сепак, сенка на триумфот во Мајами фрли токму повредата на Лео Меси, кој мораше да биде заменет во 37. минута, па навивачите сега со право се загрижени.
Само две минути претходно поради истата причина од теренот си замина и Жорди Алба, па останува да се види дали Тата Мартино ќе може да смета на нив во Купот на САД.
Клучна фигура во пресвртот беше Тејлор кој откако го замени Меси постигна два гола и забележа асистенција.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













