Состојбата на Оливие Жиру сериозно го вознемири стручниот штаб на Милан. Францускиот напаѓач заработи повреда на зглобот на квалификацискиот натпревар со Ирска и беше заменет во 26. минута.
Италијанските медиуми пишуваат дека Жиру го напуштил кампот на „триколорите“ и ќе се врати во Милано за да види точно во каква состојба е.
Напаѓачот верува дека ќе биде подготвен по паузата, но „росонерите“ се сериозно загрижени дека 36-годишниот фудбалер ќе го пропушти „Дерби дела Мадонина“ со Интер на 16 септември.
Тренерот Стефано Пиоли има две резервни опции во случај Французинот да не се опорави, Лука Јовиќ и Ноа Окафор. И двајцата во моментов се со своите репрезентации.
Србинот сѐ уште не ни тренирал во Миланело, но има една сезона искуство во Серија А.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













