Проблеми за Јувентус, повредата на Пол Погба се чини дека е посериозна отколку што се мислеше. Не отпатува ни во Далас на мечот со Барселона и се чекаат резултатите од специјалистичките прегледи.
Французинот почувствува болка во коленото, се сомнева во менискусот, поточно надворешните лигаменти на коленото, што сигурно би го одложило дебито на официјалните натпревари.
За лекување има само два начина, одмор, што практично го исклучува за првиот натпревар сезонава против Сасуоло во средината на август, па дури и операција. Во тој случај, пак, закрепнувањето на Погба ќе трае два месеци и тој би можел да биде подготвен дури по репрезентативната пауза во втората половина на септември.
Погба е клучот и лидерот на новиот Јувентус, иако клубот се обидува да го засили средниот ред, а Рабио и Артур треба да направат простор за доаѓањето на Паредес од Пари Сен Жермен.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ерик тен Хаг се враќа на кормилото на Ајакс?
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













