Connect with us

Повредата на Камавинга е сериозна, тврдат во Шпанија (ВИДЕО)

Едуардо Камавинга нема да игра до крајот на календарската година поради повреда, тврди „Ел Чирингито“. Фудбалерот на Реал Мадрид има оштетување на лигаментите на коленото поради што ќе треба да закрепне околу 6 недели.

Играчот од средниот ред се повреди на тренинг на француската репрезентација и веќе се врати во Мадрид.

Денеска ќе биде подложен на уште еден темелен преглед, по што треба да биде јасно дали ќе се потврди лошата прогноза.

Камавинга настапи на сите 17 натпревари на Реал Мадрид досега оваа сезона.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови