Хари Кејн ги загрижи навивачите на Баерн Минхен откако беше заменет на крајот од натпреварот против Баер Леверкузен во Бундес-лигата. Англискиот репрезентативец почувствувал силна болка, а тој е клучен играч за Баварците и засега е незаменлив во врвот на нападот.
Кејн имал сериозна болка во зглобот на ногата, но тестовите направени ден по натпреварот покажале позитивен напредок. Напаѓачот ќе продолжи со рехабилитација, но сè уште не е јасно колку време ќе биде отсутен. Сепак, најлошите сценарија изгледа се избегнати.
Од почетокот на сезоната, Кејн постигна пет гола и четири асистенции на пет натпревари во Бундес-лигата, а успеа да постигне и четири гола на еден натпревар од Лигата на шампионите.Хари
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













