Родриго Бентанкур, дефанзивниот играч за врска на Тотенхем и репрезентацијата на Уругвај, ги шокираше гледачите и играчите во првото полуфинале од Лига купот на Англија, кое се играше во Лондон меѓу Тотенхем и Ливерпул (1-0). Неговата бизарна повреда, која според реакцијата на играчот делуваше ужасно, беше главна тема на натпреварот.
Во шестата минута од натпреварот, за време на корнер за домашните, Бентанкур тргна кон нафрлената топка, но наместо тоа, чудно ја трзна главата и заврши на земја, каде што остана неподвижно да лежи, иако никој не го допре. Сцената беше бизарна и шокантна.
Bentancur's nasty injury
— Troll Football Media (@Troll__Footbal) January 8, 2025
Thoughts and prayers to him 🙏pic.twitter.com/3TD6XKd078
Педро Поро, кој беше најблиску до својот соиграч, веднаш сфати дека не станува збор за обична повреда. Тој го сврти Бентанкур на страна, по што лекарите втрчаа на теренот и му пружија прва помош. На Бентанкур му беше даден кислород, а потоа со носилки беше изнесен од теренот.
Снимка од друг агол покажа дека Бентанкур правел гримаси пред да се обиде да ја дофати топката со глава и да падне, поради што во англиските медиуми најпрво се појавија шпекулации дека Уругваецот претрпел мозочен удар.
I was wondering why he was down for that long. I hope he gets better soon ❤️
— 🥤𝑩𝒂𝒏𝒌𝒔 (@AfcBanks_) January 8, 2025
This is horrible, Bentancur doesn’t deserve this I hope he recovers quickly and successfully🤍
pic.twitter.com/ohVC3zaeAz
Сепак, по натпреварот пристигнаа добри вести. Тотенхем објави дека Бентанкур е свесен и комуницира.
„Можеме да потврдиме дека Родриго е свесен и зборува. Во болница ќе биде подложен на понатамошни прегледи.“
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal