
До Фудбалската Федерација на Македонија предмалку стигна потврда од УЕФА, дека стадионот “Билјанини Извори” во Охрид ке биде домаќин на плеј-оф натпреварот меѓу Струга Трим Лум и Брејдаблик од Исланд за пласман во групната фаза од Лигата на Конференции.
„Поради ова одлука, натпреварувачката комисија на ФФМ е принудена да го презакаже дуелот од второто коло на Втората лига меѓу Охрид Лихнидос и Караорман за 30. август. Одлуката е донесена со цел да се создадат сите неопходни услови на стадионот за организацијата на натпревар од УЕФА натпреварување, а тука првенствено се мисли на заштита на тревникот на Билјанини Извори.
Се надеваме дека доцната принудна промена на вистински начин ќе ја разберат двете екипи од Втора Лига, кој својот натпревар требаше да го одиграат утре и ќе бидат поддршка за македонскиот првак Струга Трим Љум во намерата да обезбеди историски пласман во УЕФА групното натпреварување“, велат од ФФМ.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal