Connect with us

Потер: Загубивме од подобар тим

Арсенал го совлада Челси на „Стемфорд бриџ“ со 0-1 и се врати на врвот на табелата во Премиер – лигата. По голот на Габриел Магалјаеш, домашните се покажаа безидејни во нападот.


Менаџерот на сините, Грем Потер, призна дека лондонскиот ривал во моментот е подобар тим.

„Мислам дека игравме против тим кој се наоѓа во навистина добар момент, самоуверен тим, може се види и од бодовите што ги имаат, па затоа сакам да им честитам. Генерално, мислам дека Арсенал заслужи да победи. Голот беше навистина разочарувачки за нас. Микел заврши добра работа таму“, изјави Потер за „БТ Спорт“.

Челзи падна на седмото место на табелата со 13 бода негатива во однос на „топчиите“ и пет бода од местата кои водат во Лигата на шампионите.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови