Менаџерот на Нотингем Форест, Стив Купер, потпиша нов договор со клубот кој ќе важи до јуни 2025 година. Веста беше потврдена на официјалниот сајт на Нотингем Форест.
Многумина шпекулираа дека тренерот може да добие отказ, но се случи токму спротивното – тој ја доби довербата на сопственикот, без оглед на лошите резултати.
Нотингем Форест има една победа од почетокот на сезоната и се наоѓа на последното место на табелата во Премиер – лигата. На последните пет натпревари Форест забележа порази и прими 18 гола.
Нотингем донесе 22 нови засилувања во текот на летото, но повеќето се уште се борат да се прилагодат на Премиер – лигата. Тимот на Стив Купер е домаќин на Астон Вила во следното коло, а навивачите се надеваат на втора победа на домашен терен од почетокот на сезоната.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













