
Менаџерот Јирген Клоп реши да го напушти Ливерпул по речиси девет години минати на клупата на „црвените“, но се чини дека Германецот не е единствениот кој ќе го напушти „Енфилд“. Неговиот пат би можел да го следи и Мохамед Салах за кого Ал-Итихад нуди нереални 200 милиони фунти.
Ливерпул го чекаат многу промени на крајот од оваа сезона. Јирген Клоп го напушта клубот по речиси девет години, а играчкиот кадар би можел значително да се промени.
И Мохамед Салах би можел да го напушти „Енфилд“ по седум сезони. Медиумите на Островот тврдат дека Ал-Итихад од Саудиска Арабија направил силен потег за египетскиот напаѓач и подготвени се да понудат неверојатни 200 милиони фунти за неговите услуги.
Тоа е понуда која не може да се одбие. Салах има уште една година од договорот со Ливерпул наскоро ќе го прослави својот 32. роденден, па оваа понуда на Ал-Итихад е огромно искушение за англискиот гигант.
Самиот Салах сигурно ќе добие огромна финансиска понуда. Се уште не се знае која е сумата, но тој би можел да стане еден од најплатените фудбалери во светот.
Ливерпул тешко дека ќе одбие понуда од 200 милиони фунти за човек кој наскоро треба да наполни 32 години, а чиј договор истекува во јуни 2025. Сепак, се е на Салах и неговата желба да си замине, а тој на крајот ќе има можност да одлучи за себе.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Интер се засили со Луис Енрике
