Connect with us

Поранешниот менаџер на Тотенхем го презеде кормилото на Нотингем Форест

Португалскиот фудбалски стратег Нуно Еспирито Санто е нов тренер на Нотингем Форест, соопшти англискиот премиерлигаш.


Нотингем Форест е третиот клуб во англиската Премиер – лига што ќе го води 49-годишниот Португалец. Претходно, тој помина четири години како тренер на Вулверхемптон, кој го врати во елитната класа во 2018 година, во првата сезона од неговиот мандат, додека на клупата на Тотенхем остана само четири месеци, од јуни до ноември 2021 година, иако ја започна сезоната со три победи.

По заминувањето од Тотенхем, Нуно Еспирито Санто, беше тренер на саудискиот Ал-Итихад 16 месеци. Тој го предводеше клубот до првата шампионска титула во Саудиска Арабија во последните 14 години, а на почетокот на ноември годинава доби отказ, откако на пет натпревари од домашното првенство остана без победа и го доживеа првиот пораз во групата на Азиска Лига на шампиони.

Португалецот ќе го замени Стив Купер на кормилото на Нотингем Форест.

Нуно Еспирито Санто потпиша договор на две и пол години, а тимот првпат ќе го предводи в сабота, кога „шумарите“ ќе му гостува на Борнмут.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови