Европската Суперлига е формирана од 12 клуба потписници, шест од Премиер – лигата (Манчестер Јунајтед, Челси, Ливерпул, Манчестер Сити, Арсенал, Тотенхем), три од Ла Лига (Реал Мадрид, Барселона, Атлетико Мадрид) и три од Серија А (Јувентус, Милан, Интер), а понуди за да се приклучат добиле и многу други клубови.
Како што открива германскиот „Шпигел“, Баерн Минхен и Борусија Дортмунд добиле понуди за приклучување и имаат рок од еден месец за да одговорат на предлогот. Понуда добил и ПСЖ, но и рок од две седмици за да достави одговор.
Порто и Зенит исто така биле контактирани, но веднаш одбиле да се приклучат на проектот за Европска Суперлига.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













