
Португалскиот ас Кристијано Роналдо добил неверојатна понуда од Саудиска Арабија. Тој би можел да стане најплатениот фудбалер во историјата на фудбалот и да го направи најскапиот трансфер доколку ја прифати понудата за двегодишен договор од саудиски клуб.
Трансферот би бил вреден фантастични 250 милиони евра, со што би го надминал досегашниот светски рекорд на Нејмар, кој во 2017 година прејде од Барселона во Пари Сен Жермен за 222 милиони евра.
Комплетната зделка би била вредна 300 милиони евра, од кои 30 милиони би му биле исплатени на Манчестер Јунајтед за трансферот, 20 милиони ќе заработат посредниците, а на самиот Роналдо му се понудени 250 милиони евра за двегодишен договор.
Сепак, прашање е дали Роналдо ќе се одлучи на ваков чекор, со оглед дека тој сака да го напушти Манчестер Јунајтед за да игра во Лигата на шампионите и претстојната сезона.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal