Фернандо Сантош веќе не е селектор на Полска, официјално објави Фудбалската федерација на оваа земја. Лошите резултати на полскиот национален тим во квалификациите за ЕВРО 2024 доведе до прерана разделба со Сантош.
„Полската фудбалска федерација соопштува дека од 13 септември 2023 година, селекторот Фернандо Сантош ќе престане да ги извршува своите должности како селектор на полската репрезентација. Би сакале да му се заблагодариме на селекторот Сантош за работата со нашата репрезентација и да му посакаме среќа во следните спортски предизвици“, соопштија од федерацијата.
Во последниот натпревар од европските квалификации, Полска загуби на гостувањето кај Албанија со 0-2 и моментно има само 6 бода од пет одиграни натпревари. По средбата се засилија критиките кон португалскиот стратег, а ѕвездата Роберт Левандовски повика на итни промени.
Под водство на Сантош, Полјаците ги загубија и гостувањата во Чешка и во Молдавија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













