Connect with us

Полјаците спасија бод со Англија, Италија и Германија убедливи (ВИДЕО)

Фудбалската репрезентација на Полска успеа да спаси бод играјќи 1-1 против Англија на домашен терен. Дамјан Шимански во 92.минута постигна гол за израмнување, откако Хари Кејн ја доведе Англија во водство.

Италија беше убедлива против Литванија на домашен терен и славеше со 5-0. Моисе Кин постигна два гола, Распадори и Ди Лоренцо дополнија по еден, а гостинскиот играч Уткус си постигна и автогол за „петарда“.

Шпанците го освоија Косово триумфирајќи со 0-2. Пабло Форналс во 32.минута и Феран Торес во 90.минута беа стрелци за „црвената фурија“.

Во нашата квалификациска група, Германија беше убедлива против Исланд во Рејкјавик и победи со 0-4. Серж Гнабри и Антонио Рудигер го отворија домаќинот по првите 25 минути, а Лирој Сане и Тимо Вернер донесоа убедлив триумф.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови