Connect with us

Полицијата во Хамбург застрела холандски навивач кој се заканувал со секира

Холандски навивач е застрелан од полицијата во Хамбург неколку часа пред денешниот натпревар на „лалињата“ против Полска на ЕВРО 2024. Според властите, навивачот се заканувал на полицаец со секира и запаливо средство.

Инцидентот се случил на познатата улица „Репербан“, каде што од утринските часови има многу холандски навивачи.

Првично, полицајците се обиделе да го неутрализираат навивачот со солзавец, но откако тоа не успеало, преминале на употреба на огнено оружје. Во видеата на социјалните мрежи се слушаат неколку истрели, по што се гледа како човекот е соборен на земја. Од полицијата информираа дека мажот е ранет и му е укажана медицинска помош.

Ова е најновиот инцидент во рамките на овие три дена од Европското првенство. Еден човек веќе беше убиен од полицијата поради напад во градот Волмирштет, друг загина од убодна рана во Франкфурт по тепачка меѓу навивачки групи, а пукање беше пријавено во берлинска населба за време на натпреварот меѓу Италија и Албанија.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови