Интересни имиња се кандидати за заменик на Герет Саутгејт, ако тој реши да ја напушти менаџерската позиција на Англија, објави „Скај Спортс“. 53-годишниот стратег ќе го објави своето решение во следните денови.
Фудбалската асоцијација на Англија состави долг список на можни кандидати, меѓу кои се наоѓаат сегашниот менаџер на Њукасл, Еди Хау, и поранешниот менаџер на Брајтон и Челси, Грем Потер.
Таму е и поранешниот тренер на Тотенхем и Челси, Маурисио Покетино, кој во моментов е без работа. Се смета дека Аргентинецот ќе се заинтересира за идејата да разговара со ФА на Англија.
Медиумите на Островот додаваат дека и Ли Карсли, сегашниот селектор на рерпезентацијата на Англија до 21 година, исто така е потенцијален кандидат. Сепак, оваа вест беше големо изненадување за навивачите.
„Ова е шокантно. Тој нема искуство со сениорите,“ пишуваат незадоволни фанови.
Герет Саутгејт, чиј договор истекува во декември, треба да донесе одлука откако ќе разговара и со челниците на ФА.
Англија повторно остана без трофеј, откако играше второ последовно финале на Европското првенство.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













