Веќе нема дилема, Маурисио Покетино ја завршува одисејата на клупата на ПСЖ. Успеа да ја врати титулата, но во Лигата на шампионите не направи ништо, a без разлика што има договор, ќе добие отказ.
Се надеваше на клупата на Манчестер Јунајтед, но ја загуби трката со Тен Хаг.
Преговорите меѓу Аргентинецот и ПСЖ за обештетување веќе се започнати, а според „Паризиен“, поранешниот играч на клубот, кој стекна голема репутација работејќи во Тотенхем, ќе добие околу 14 милиони евра отшета.
„Светците“ ќе го исплатат, не доаѓа предвид да остане, а од друга страна нема да преземе ниту еден клуб додека не ги добие сите пари од новиот француски шампион.
Кој ќе биде негов наследник? Се чини дека газдите од Доха веќе избраа.
Тоа е Антонио Конте. Сега е прв фаворит за клупата, Зидан се уште ја сака клупата на Франција по СП, па Катарците го загуби трпението.
Конте е подготвен наводно да потпише двегодишен договор со парижаните, да доведе играчи по негов избор, а сигурно е дека неговото доаѓање би ја намалило моќта на Леонардо. Неколку Италијанци во тимот ќе му ја олеснат работата на актуелниот менаџер на Тотенхем, најверојатно ќе пристигне и Пол Погба.
Италијанецот има договор со Тотенхем на уште една година, но спогодбено би ја раскинал соработката.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal