
Откако англиската репрезентација испадна од А дивизијата во Лигата на нации, се чини дека ќе има промена на селекторската позиција. Иако Саутгејт неодамна изјави дека разговарал со челниците, и дека е уверен дека ќе ја води Англија на Светското првенство, можно е тоа да не се случи.
Имено, серијата лоши резултати, и ремито против Германија синоќа може да го чини работа актуелниот селектор на англиската репрезентација Герет Саутгејт. Прашање е само дали ќе биде сменет пред или по Мундијалот, барем така тврдат англиските медиуми.
Како најсериозен кандидат за наследник на Герет Саутгејт се смета Маурисио Покетино. Тој синоќа го следел мечот меѓу Англија и Германија (3-3), а веќе добил и понуда да биде нов селектор на гордиот Албион.
Покетино не би имал ништо против работата, а пред неколку недели ја одби понудата од Ница. Потоа рече дека повеќе не сака да работи во Франција, и дека сака да се врати во Англија и да ја чека вистинската понуда.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Галатасарај го освои Купот на Турција

Евро-фудбал
Интер си пронајде нов напаѓач на „Олд Трафорд“
