Аргентинскиот стратег Маурисио Покетино по преземањето на францускиот првак Пари Сен Жермен размислува за нови засилувања. Тој би ги довел Кристијан Ериксен и Деле Али во зимскиот преоден рок, но планира и подолгорочно, за следната сезона. Прв пик на Покетино е неговиот сонародник Серхио Агуеро од Манчестер Сити.
Тој подолго време најавува дека е заситен од Англија и Премиер – лигата и би сакал нов предизвик, а се чини дека животот во Париз и настапот за ПСЖ изгледа како одлична можност. Агуеро од 2011 година го носи дресот на „граѓаните“, а договорот му истекува на крајот од сезоната.
32-годишниот Серио Агуеро е најдобриот стрелец во историјата на Манчестер Сити, има постигнато 180 гола на 268 натпревари за англискиот тим.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













