
Јасно е дека на Ромелу Лукаку ќе му биде многу тешко да остане во тимот на Челси, а приоритет му е враќањето во тимот на Интер.
И раководството на Интер го посакува за следната сезона, а преговорите се започнати за двата клуба што побрзо да најдат начин за да се склучи зделка.
Според англиските медиуми, Покетино е подготвен да го пушти Лукаку во Интер, но нема ништо против да го задржи во тимот. Новиот тренер на Челси нема да го принуди напаѓачот да си замине, но нема ништо против да го пушти доколку дојде понуда која го задоволува.
Покетино не сака пари од Интер, туку сака директна размена играч за играч и тоа им го порача на претставниците на овој клуб.
Имено, Покетино ја бара ѕвездата на Интер, Николо Барела, во замена за Лукаку, а тоа е навистина тешко да се очекува да се случи.
Имено, и покрај тоа што не блеска, Лукаку како и многу други фудбалери доби профитабилна понуда од Саудиска Арабија. Ал-Хилал му понуди повеќегодишен договор вреден 20 милиони евра по сезона.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Лукас Васкез потпишува за Баер Леверкузен
