Тренерот на Пари Сен Жермен, Маурисио Покетино не сакаше да даде оптимистички изјави во врска со евентуалното доаѓање на Лионел Меси на „Паркот на принцовите“, и покрај најавите дека „светците“ се главните кандидати за ангажман на Аргентинецот.
На денот кога Барселона ја потврди разделбата со Меси, медиумите објавија дека Покетино веќе остварил контакт со својот сонародник, но тренерот имаше различна реакција на прес – конференцијата пред натпреварот против Троја.
„Дали доаѓањето на Меси значи дека Килијан Мбапе ќе го напушти клубот? Не“, рече Покетино со насмевка на новинарско прашање пред почетокот на новата сезона во Лига 1.
Потоа истакна дека целиот фокус е на утрешниот натпревар во францускиот шампионат.
„Сите знаеме што се случи синоќа меѓу Меси и Барселона, но максимално сме фокусирани да ја победиме Троја. Раководството прави се за да го подобри тимот, а тимот треба да победува”, иостакна Покетино.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













