Connect with us

Покетино чека смена на Грем Потер за да седне на клупата на Челси

Поранешниот менаџер на Тотенхем, Маурисио Покетино е подготвен да преземе уште еден лондонски клуб, Челси, доколку сопствениците на „сините“ решат да се разделат со Грем Потер.
Аргентинецот е без работа од јули, кога беше ослободен од Пари Сен Жермен, а лошите резултати на Челси под водство на Потер го ставија младиот стручњак под голем притисок.

Во моментов, се верува дека Тод Боели нема намера толку брзо да го отпушти поранешниот менаџер на Брајтон, но доколку падот на тимот продолжи, голема е веројатноста Потер порано или подоцна да го напушти „Стемфорд Бриџ“.

Според англиските медиуми, управата на Челси му одредила рок на 47-годишниот стручњак драстично да ја промени ситуацијата со резултати и перформанси до крајот на овој месец. Сепак, потенцијалниот пораз од Фулам може значително да го скрати тој рок.

Покетино се уште има куќа во англиската престолнина и во секоја прилика се враќаше во Англија дури и кога беше на чело на ПСЖ. Според медиумите на Островот, Аргентинецот е подготвен веднаш да ја прифати работата доколку Тод Боели го побара, а неговото минато во Тотенхем нема да биде пречка.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови