Connect with us

Погба се премислува, сега би останал на „Олд Трафорд“

Пол Погба беше едно од најспоменуваните имиња во летниот преоден рок. Се подготвуваше негов трансфер во ПСЖ, тој повеќе сака да го носи дресот на Реал Мадрид, а Манчестер Јунајтед се надева дека сепак ќе го продолжи договорот и ќе остане на „Олд Трафорд“.


Манчестер Јунајтед му понуди нов, подобрен договор на францускиот репрезентативец. Доколку го потпише, тој ќе стане најплатениот играч на Манчестер Јунајтед со приход од околу 470.000 евра неделно.

Сепак, ако Погба беше решен да си замине, сега е се поблиску до одлуката да ја продолжи кариерата на „Олд Трафорд“. Очигледно дека враќањето на Кристијано Роналдо, конкурентноста за шампионската титула во Премиер – лигата, но и во Лигата на шампионите, си го сторија своето.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови