Connect with us

Погба повторно ќе паузира: Французинот три седмици во аут

Фудбалерот од средниот ред на Јувентус, Пол Погба, кој се мачи со повредите од минатото лето, ќе биде надвор од ритам најмалку три седмици, објави весникот „Газета дело спорт“. Францускиот репрезентативец има нова повреда на адукторот на десната натколеница, покажаа лекарските прегледи, соопштија од клубот од Торино.


„Пол Погба има повреда на адукторот на десниот бутен мускул и веќе почна со процедурите за опоравување“, напиша Јувентус на клупската веб-страница.

Погба пропушти 34 од 37 натпревари на Јувентус оваа сезона. Ќе отсуствува уште најмалку 3 недели.

„Жал ми е за момчето затоа што тренира многу добро во последно време. Но, мора да има малку повеќе трпение и да се врати посилен од порано“, прокоментира тренерот на „бјанконерите“, Масимилијано Алегри, за новата повреда на Погба.

Леонардо Бонучи, кој беше заменет на полувремето на натпреварот меѓу Јувентус и Сампдорија поради удар во левата потколеница, не е сериозно повреден, соопшти Јувентус.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови