
Францускиот фудбалер Пол Погба не сака да ја прифати профитабилната, мултимилионска понуда од Саудиска Арабија. Тој својата иднина ја гледа само во Јувентус, тврди францускиот „Л’Екип“.
Погба во професионалната кариера играше само за два тима, Јувентус и Манчестер Јунајтед.
Последната сезона Погба ја мина во битка со повредите поради кои ги пропушти сите клупски предизвици, како и Светското првенство, чиј домаќин беше Катар на крајот на минатата година.
Сепак, Погба е максимално мотивиран за претстојната сезона, сака да одигра квалитетно во дресот на Јувентус и да се врати и во француската репрезентација.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal
