
Фудбалската репрезентација на Германија е можеби најголемото разочарување на Европското првенство заедно со Франција. По поразот од „триколорите“ во групната фаза, Елф ја победи Португалија, но искрено се посрамоти против Унгарија и на крајот од натпреварот едвај го постигна вториот гол за реми и се спаси од шокантно испаѓање во првата фаза.
Но, откако некако ги преживеаја Унгарците, Германците не успеаја да се наметнат на „Вембли“ против Англија во осминафиналето. Со головите на Стерлинг и на Кејн, гордиот Албион отиде понатаму и ги испрати Германците дома.

Поранешниот германски репрезентативец и светски шампион од 2014 година, Лукаш Подолски беше крајно критичен кон германските играчи. Тој ги прекори за недостаток на волја, желба и борбен дух.
„Играчите изгледаа мрачно. Кога ќе ги видите лицата на играчите, ништо не се менува на нив. Можеше да избие пожар на стадионот и тие да останат на теренот. Ни недостигаше акција“, изјави Подолски.
Тој не го критикуваше селекторот Јоаким Лев, кој последен пат седеше на клупата на Германија против Англија.
„Не можете да судите за селекторот по еден натпревар. Она што тој го постигна за германскиот фудбал, тешко дека некој ќе го повтори. Тој беше меѓу трите најдобри со Германија на речиси секој турнир. Можеме само да му заблагодариме”, заклучи Подолски.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Македонија Ѓорче Петров
Македонија ЃП ја засили одбраната со Србинот Алекса Јовановиќ

Евро-фудбал
Арсенал се пофали со Нони Мадуеке

Евро-фудбал
Расмус Хојлунд пред трансфер во Милан
