Аргентинската ѕвезда Лионел Меси го постигна првиот гол во дресот на ПСЖ, ја погоди мрежата на Манчестер Сити во триумфот од 2-0, но потегот на мечот го направи кога легна во живиот ѕид пред самиот крај на дуелот. Најдобриот фудбалер на светот покажа дека не бега и од валканата работа.
Легна на тревата зад живиот ѕид на неговиот тим за да го заштити голот на Донарума од удар по земја.
Потегот што го прослави Марсело Брозовиќ играјќи во Лигата на шампионите за Интер против Барселона, досега славниот Аргентинец никогаш го немаше направено.
Интересен беше коментарот на Рио Фердинанд, поранешниот елитен дефанзивец на Манчестер Јунајтед.
Тој објави статус на Твитер со насмеани емотикони и истакна “Каков недостиг на почит!”
The disrespect 😂😂😂#Messi #UCL
— Rio Ferdinand (@rioferdy5) September 28, 2021
pic.twitter.com/e9BnxYs0zt
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













