Connect with us

Почнува Првата лига: Кој се засили најмногу ова лето?

Првата фудбалска лига ни се враќа на сцена. Можеби и не е толку квалитетна, а можеби е и сериозно хендикепирана затоа што условите (инфраструктурата) на кои се играат натпреварите не се помрднати речиси 20 години. Цел свет оди напред, но Македонија тапка во место, а тоа се отсликува и на резултатите што македонските клубови ги остваруваат на меѓународен план.
Но, тоа е друга тема. Да видиме кој најмногу се засили ова лето.


Шампионот Струга Трим Лум одработи сериозен летен преоден рок. На крајот, сепак, дојде шокантната разделба со најдобриот стрелец Бесарт Ибраими, кој се врати во Шкендија. Но, Струга ТЛ го доведе Ланре Кехинде од Гостивар, ги ангажираше пораешните македонски репрезентативци Стефан Спировски и Кире Ристевски, дојде и Стефан Јевтоски, потоа и Арби Воша, Бојан Илиевски, Јапонецот Масааки Такахара , а дојдоа и двајца голмани, Филип Дујмовиќ (БиХ) и Христијан Стевковски.

Гостивар се чини дека направи најголем напредок во збогатување на ростерот.

Можеби и најголемата ѕвезда која пристигна во Македонија е Набил Дирар, Мароканецот, кој иако има 38 години, треба да биде огромно засилување во средниот ред на тимот. Тој има педигре на фудбалер кој во минатото играл за Монако, Фенербахче, Клуб Бриж…Во Гостивар дојдоа и Константин Чешмеџиев, Дарко Глишиќ, Мевљан Мурати, Марко Симоновски, Душко Трајчевски, Зени Хусмани…

Вардар „пркна“ малку и веднаш е поинаку. „Црвено-црните“ ги доведоа Филип Најдовски, Џибрил Дианеси, Горан Закариќ, Данел Донгмо, Сеук -Гујан Ким, Николче Шаркоски…

Шкупи доведе цел тим нови фудбалери, а меѓу нив се истакнуваат Јапонецот Канда Јумеми, Сенегалецот Ел Хаџи Гуеје, Демир Имери, Џелил Асани, Георг Стојановски…

Шкендија беше умерена, но пазареше квалитетно. Бесарт Ибраими и Валон Ахмеди се повторно во Тетово, а дојдоа и Александер Трумчи, Дауда Бамба, Адаму Алхасан.

Останатите тимови исто така се засилија, доведоа по некое звучно име. Во Тиквеш пристигна Мартин Стојанов, заедно со уште неколку други имиња, во Пелистер се врати Мирко Ивановски, Силекс повторно го има Дарко Додев, а во Работнички пристигна Лука Робакидзе. Брера исто така доведе неколку квалитетни играчи, Антонио Каланоски, Марјан Ристовски, Димитар Тодоровски…

Новиот прволигаш Беса ги доведе Костадин Захов, Горан Силјановски, Ремзифаик Селмани, Нахуел Франко, Адама Самаке…

Трансфер периодот сѐ уште трае, но од 17 часот стартува првото коло, па на дело ќе се види кој најмногу се засилил…

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови