Connect with us

Почнува нова ера – Благоја Милевски седнува на клупата на репрезентацијата

Благоја Милевски денеска го има првиот работен ден како селектор на фудбалската репрезентација на Македонија. По пет и пол години, Игор Ангеловски не е веќе на кормилото на националниот тим откако неговиот договор заврши со последниот ден од јули. Тој при последните преговори доби краткорочен договор да ја предводи Македонија на Европското првенство.

Милевски за првпат добива шанса да ја предводи А-репрезентацијата на Македонија. Тој во 2016 година ја одведе младата фудбалска репрезентација до 21 година на европскиот шампионат и тоа беше прво големо натпреварување за фудбалска Македонија. Од таа млада селекција сега во сениорскиот тим се Барди, Елмас, Николов, Аврамовски, Велковски, Зајков, Шишковски…Милевски повторно ќе ги предводи и веднаш има голема мисија пред себе, да се обиде да избори пласман со Македонија на Светското првенство во Катар. Во моментот, нашата репрезентација е второпласирана во групата, зад Ерменија, а пред големиот фаворит Германија.

Од националниот тим по Европското првенство се повлече и најдобриот македонски фудбалер во историјата, Горан Пандев.

Advertisement

Facebook

Тимови