Connect with us

Почина Бернард Тапи, контроверзниот екс-сопственик на Олимпик Марсеј

На 79 -годишна возраст почина Бернард Тапи, објавија француските медиуми. Контроверзниот поранешен претседател на Олимпик Марсеј и поранешен политичар четири години се бореше со камцер на желудникот и за жал ја загуби битката.


Тапи беше на чело на славниот француски клуб од 1986 до 1994 година, а во 1993 година го доведе до титулата европски шампион. Но, подоцна истата година, Тапи беше обвинет и потоа осуден за местење натпревар против Валенсиен. Истрагата утврди дека Тапи контактирал со играчите на Валенсиен пред натпреварот од 36. коло во францускиот шампионат, само неколку дена пред финалето на Лигата на шампионите против Милан.

Тапи мораше да се повлече од функцијата претседател во 1994 година и доби доживотна забрана да работи во францускиот фудбал. Во мај 1995 година, тој беше осуден на две години и два месеци затвор за местење натпревари и финансиска измама, за да биде ослободен со условна слобода по шест месеци.

Марсеј освои четири француски трофеи и титулата најдобар тим во Европа во ерата на Бернард Тапи, но неговиот имиџ беше неповратно оштетен поради големиот скандал.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови