
Силекс успеа да ја победи Брера со 0-2 во Струмица и се доближи на само два бода негатива до лидерот Шкендија, кој вчера ремизираше (1-1) против Вардар во Скопје.
Марко Ѓорѓиевски во 69.минута ја искористи асистенцијата на Додев и го отвори резултатот, а Ади Алиќ во 80.минута го потврди триумфот на кратовскиот тим, кој сега има 48 бода.
Работнички беше на прагот на победа против Воска, но на крајот одигра 1-1 во Охрид. „Романтичарите поведоа со голот на Марселин Гандо Биала во 14.минута, а Воска израмни буквално во последните мигови со погодокот на Клинтон Осеи во 94. минута. По ова, „романтичарите“ се на третата позиција, со пет бода заостанување зад лидерот Шкендија.
Тиквеш го победи Гостивар во Кавадарци со 2-1. Берат Садик во 15.минута од пенал донесе предност за Тиквеш, а Александар Варселовски зголеми на 2-0 во 58.минута од дуелот. Гостиварци постигнаа почесен погодок во судиското продолжение.
Беса оствари триумф над актуелниот првак Струга Трим Лум со 3-2. Стружани поведоа со голот на Папе Јаре Фал во 11.минута, но Беса успеа да израмни до полувремето, со погодокот на Шефит Шефити во 38.минута. Во вториот дел следеа уште два гола за домаќинот, откако погодија Меџит Незири во 52.минута и Ремзифаик Селмани во 69.минута од мечот. Во финишот, Струга ТЛ постигна и втор погодок преку Христијан Малески.
Пелистер го изненади Шкупи на Чаир и славеше со 0-1. Стрелец на победничкиот гол беше Александар Ристевски во 74.минута.
Вчера, Вардар и Шкендија одиграа 1-1. Решат Рамадани ја доведе Шкендија во водство во 21.минута, а израмни Едиз Спахиу во 25.минута од дербито.
ПРВА ЛИГА, 24.КОЛО – РЕЗУЛТАТИ
БРЕРА – СИЛЕКС 0-2
ВОСКА СПОРТ – РАБОТНИЧКИ 1-1
ТИКВЕШ – ГОСТИВАР 2-0
БЕСА – СТРУГА ТРИМ ЛУМ 3-2
ШКУПИ – ПЕЛИСТЕР 0-1
ВЧЕРА: ВАРДАР – ШКЕНДИЈА 1-1

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг „украде“ бод од Кратово, а Шкендија, Струга ТЛ и Работнички...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Горазд Михаилов (Беса)
Беса го направи најголемото изненадување во 23.коло од Првата фудбалска лига. Не е лесно...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Милан со пресврт до триумф против Комо (ВИДЕО)
