
МАКФУДБАЛ во Малта,
Никола Ѓуровски
Фудбалската репрезентација на Македонија е пред нов предизвик во квалификациите за ЕВРО 2024. После ремито со Италија, сега секако е императив да се оствари триумф во Ла Валета, против селекцијата на Малта. Иако се работи за последнопласираната селекција во групата, сепак, селекторот Благоја Милевски потенцира дека ривалот воопшто не е наивен, и далеку од тоа дека нема квалитет.
„Малта не е наивен ривал и затоа сме максимално фокусирани. Видовме и на првиот меч во Скопје дека се работи за селекција која напредува и има свој квалитет и не смееме да мислиме дека лесно ќе стигнеме до победа. Фудбалерите се свесни за тоа, ова е можеби најважниот меч за нас во овие квалификации, знаеме што ни носи триумфот и трите освоени бода. Добра атмосфера и надежи за нешто многу повеќе во овој квалификациски циклус. Имаме повторно одредени проблеми со составување на тимот, но сигурен сум дека сите кои ќе добијат шанса ќе дадат максимум од себе да ја оправдаат и дадат свој придонес во постигнувањето на целта“, изјави селекторот Благоја Милевски.
Натпреварот меѓу Малта и Македонија се игра вечерва со почеток во 20.45 часот, на Националниот стадион во Ла Валета.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Интернационалци
Бојан Миовски пред трансфер во Глазгов Ренџерс

Женски фудбал
ЖФК Љуботен со убедлив пораз од Розенгард во ЛШ
