Лидерот на табелата во Втората лига Исток, тимот на Победа, ги стартуваше зимските подготовки. Во очекување целокупниот ростер да се комплетира во наредните денови, шефот на стручниот штаб Димитар Капинковски и спортскиот директор Благоја Гешоски на фудбалерите им го изложија планот на подготовките.
Од најавените засилувања на денешниот прв собир беа присутни тројца. Тоа се повратниците во Победа, Филип Димоски од Саса и Марио Наумоски од Брегалница, како и новакот Благој Истатов, напаѓач кој доаѓа од Воска.
Се очекува на екипата во текот на утрешниот ден во тренажниот процес да и се приклучат уште двајца повратници, голманот Дарко Тофилоски и играчот за врска Јорданчо Наумоски, кои доаѓаат од прволигашот Тиквеш. Клубот преговара и со играч на стоперската позиција. Со полесни тренинзи на почеток, а од февруари и со полн интензитет, по успешно минатиот период на рехабилитација, на тренизите се приклучи стоперот Христијан Кукески.
Од играчите кои настапуваа во есенскиот дел, Победа се заблагодари на услугите на Петар Најдов, Дарко Дигаловски и Кирил Неделков, како и стоперот Андреј Петкоски, кој најверојатно кариерата ја продолжува во Силекс.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski