
Иван Јуриќ ја напушти функцијата менаџер на Саутемптон, откако викендов „светците“ и официјално испаднаа од Премиер – лигата. Хрватот се задржа на клупата само 108 дена, при што загуби 12 од 14 натпревари во првенството. Саутемптон на тој начин влезе во историјата на негативен начин, како тимот што најрано го потврдил испаѓањето од елитата.
Според „Скај Спортс“, Спајман Раск ќе го води тимот во преостанатите натпревари до крајот на сезоната. Тој веќе накратко ја имаше таа улога и по отказот на Расел Мартин. Искуствениот Адам Лалана исто така ќе помага како асистент.
Фудбалерите на Саутемптон утрово биле известени дека Јурич и неговиот стручен штаб веднаш го напуштаат клубот.
Во декември, хрватскиот стратег потпиша договор на 18 месеци, но истиот содржеше клаузула која дозволуваше двете страни да го раскинат договорот во случај на испаѓање. Јуриќ во Премиер – лигата оствари само една победа, со 2-1 против Ипсвич во февруари.
Претходно, во ноември, Јуриќ беше отпуштен и од Рома, каде што исто така имаше краток период – водеше само 12 натпревари на клупата на „волчицата“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Интернационалци
Вест Хем сака да го купи Елиф Елмас

Евро-фудбал
Даглас Луис на чекор до Нотингем

Евро-фудбал
Челси ја заврши приказната со Николас Џексон
