Бразилскиот играч за врска Даглас Луис е сè поблиску до преселба во Нотингем Форест, јавуваат италијанските медиуми. Јувентус бара најмалку 35 милиони евра за трансферот, а „старата дама“ инсистира во случај на позајмица да биде вклучена задолжителна клаузула за откуп на крајот од сезоната.
Даглас Луис веќе изразил желба повторно да игра во Премиер лигата, каде што остави силен впечаток во дресот на Астон Вила. Преговорите меѓу клубовите ќе продолжат и за време на викендот.
Планот на Јувентус е, по неговата продажба, да испрати официјална понуда за Матијас О’Рајли од Брајтон, кој се смета за идеална замена.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal













