
Фудбалерите на Тотенхем ќе им ги надоместат трошоците на своите навивачи, кои беа сведоци на убедливиот пораз на лондонскиот тим од Њукасл, соопштија од клубот.
Фудбалерите се решија на овој чекор, два дена откако беа поразени со 6-1 од Њукасл, во натпреварот од 32. коло на Премиерлигата.
Њукасл по 21 минута го реши прашањето на победникот со пет постигнати гола, а во понеделникот доби отказ привремениот тренер на Тотенхем, Кристијан Стелини.
„Знаеме дека ова не го менува она што се случи во неделата. Ќе направиме сѐ што можеме за да ги исправиме работите, почнувајќи од Манчестер Јунајтед во четврток навечер, кога повторно ќе ни биде потребна вашата поддршка. Заедно и само заедно можеме да ги придвижиме работите напред“. се вели во соопштението на фудбалерите на Тотенхем.
Од клубот најавија дека целиот процес на враќање на парите ќе биде завршен во рок од 24 часа, а играчите се извинија за прикажаната игра.
„Како тим ја разбираме вашата фрустрација, вашиот гнев. Неделата не беше добра. Знаеме дека зборовите не се доволни во овие ситуации, но верувајте ни, ваквиот пораз боли“, се додава во соопштението.
По 32 одиграни натпревари, Тотенхем е на петтото место на табелата во Премиерлигата, со шест бода помалку од четвртопласираниот Манчестер Јунајтед, кој е во позиција да се пласира во Лигата на шампионите.
Лондонскиот тим до крајот на сезоната ќе го води Рајан Мејсон.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Интернационалци
Бојан Димоски пред трансфер во ТСЦ Бачка Топола

Евро-фудбал
Чиро Имобиле ќе паузира два месеца

Евро-фудбал
Алегри сака да го доведе Рабио во Милан
