Македонија ЃП и Струга Трим Лум одиграа 1-1 на стадионот во Ѓорче Петров, во премиерниот натпревар од 17.коло во Првата фудбалска лига. Двете екипи сега имаат по 23 бода на табелата во елитната конкуренција.
Флорент Османи по само дваесетина секунди игра успеа да го совлада Марко Јовановски и донесе водство за Струга Трим Лум. Но, „лавовите“ не останаа долго во негатива и израмнија веќе во седмата минута со голот на Ален Јашароски.
Воша имаше можност да донесе водство за ѓорчепетровци, на спротивната страна гол постигна Нијас Лена, но не беше признат поради игра со рака на фудбалерот на стружани.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













