Македонскиот прволигаш Шкупи денеска требаше за првпат да се врати на тренинг по трагичниот настан во Кочани, каде животот го загуби нивниот фудбалер Андреј Лазаров.

Со солзи во очите и голема тага, играчите, стручниот штаб и управата на клубот се собраа во соблекувалната на стадионот во Чаир за да му оддадат почит на својот трагично починат соиграч.

На неговото место стоеше дресот со број 77, кој ќе остане вечен симбол на Чаир во чест на Андреј Лазаров. Неговиот несебичен подвиг, со кој спаси туѓи животи, ќе биде засекогаш запаметен.
Фудбалерите на Шкупи немаа сили да тренираат и го откажаа тренингот.





-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













