Босанскиот интернационалец Миралем Пјаниќ е на излезна врата од Барселона и негова интенција е да се врати во Италија. Тој се споменува како ново засилување за Јувентус, но , сепак, можно е во последен момент и да ја промени дестинацијата.
Раководството на “старата дама” се обидува да го купи и Мануел Локатели и можеби и нема да може да ги доведе двајцата во Торино. Тогаш би можел да профитира Интер и да го доведе Пјаниќ во Милано. Тој дефинитивно би бил големо засилување за средниот ред на Интер, особено ако од тимот замине и Марсело Брозовиќ.
Advertisement
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal
Advertisement
Advertisement