Поранешниот романски селектор Виктор Питурка на романската телевизија Про ТВ го анализираше мечот меѓу Австрија и Македонија и посебно внимание посвети на првиот гол што го постигна Конрад Лајнер. Во 18.минута, македонскиот национален тим дури четирипати извиси во дефанзивата, не стигна да пресече топка, а Австријците тоа го искористија за да дојдат до предност.
Питурка вели дека акцијата почна од Алаба на десната бековска позиција кој проигра напред, а Алиоски задоцни да пресече или да направи прекршок. Топката беше извлечена кон средината, а потоа со едно додавање беа исфрлени пет македонски фудбалери.
Акцијата се пресели во полето на Македонија, следеше прецизно проигрување со кое беа освоени 15 метри во длабочина, а потоа топката дојде до Сабицер кој беше осамен, немаше блисзок контакт од ниту еден македонски фудбалер.
Сабицер ја испрати топката на десната страна кој Лајнер, одбранбеното трио на Македонија не беше кооринирано, Муслиу го затвори Калајџиќ, но Алиоски задоцни да го затвори Лајнер и Столе Димитриевски беше матиран.
Погледнете го тоа и сликовито…
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski