Андреа Пирло би можел да добие нова шанса како тренер. Иако се зборуваше за можноста да ја преземе Барселона, сепак, фудбалскиот „Моцарт“ би можел да седне на кормилото на Парма. Една година откако го напушти Јувентус откако не се снајде најдобро, сега би можел да седне на клупата на поранешниот гигант кој има намера да се врати во елитата.
Сепак, Парма многу лошо го стартуваше шампионатот во Серија Б, има само две победи и се наоѓа на 12. позиција на табелата. Цехот ќе го плати тренерот Енцо Мареска, а нов тренер треба да биде Андреа Пирло, доколку се нафати на предизвикот.
Италијанските медиуми тврдат дека Парма ги контактирала и Џенаро Гатузо и Фабио Канаваро.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













