Јувентус не само што ја загуби шампионската титула од Интер, туку доби жестока шлаканица од Милан и во трката за пласман во Лигата на шампионите. По вечерашниот пораз во дербито (0-3), „старата дама“ падна на петтата позиција на табелата и сериозно ги загрози шансите да биде дел од елитното европско натпреварување следната сезона.
Тренерот Андреа Пирло, сепак, нема намера да си даде оставка.
„Не размислувам за оставка. Ќе останам да работам напорно и покрај сите потешкотии. Ќе останам во Јувентус се додека клубот не донесе некоја поинаква одлука“, изјави Пирло по дебаклот од Милан во Торино.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













