
Јувентус го загуби „скудетото“ од Интер, има големи проблеми и за пласман во Лигата на шампионите следната сезона, но вечерва ќе се обиде да освои трофеј во Купот на Италија. Противник е Аталанта.
Тренерот Андреа Пирло ги сподели своите очекувања во пресрет на финалниот дуел.
„Не мислам дека играта ќе се темели на одбраната. Сите знаат дека треба да се очекуваат удари кон голот, високо темпо, интензивна игра. Ова секако е натпревар на европско ниво. Подготвени сме, знаеме што да очекуваме. Заслужуваме да играме во финалето и сакаме да го донесеме Купот дома. Имав доволно среќа да учествувам во две финалиња во првата сезона како тренер на Јуве. За Гасперини ова е второ финале во неговата кариера. Имаме различни патеки, ние сме различни тренери. Тој ја водеше Аталанта до плејофот во Лигата на шампионите, а успехот на неговиот тим го ценеше цела Европа. Јас само што го започнувам своето тренерско патување и се надевам дека ќе има уште многу такви финалиња“, изјави Пирло.
Финалниот натпревар од Купот на Кталија е закажан за вечерва од 21 часот во Реџо Емилија. Во тековната сезона, Јувентус предводен од Пирло го освои Суперкупот на Италија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
Томче Гроздановски потпиша за романскиот тим Конкордија

Прва лига
Шкендија го врати и Ендрит Красниќи

Евро-фудбал
Јувентус се вклучува во трката за Виктор Ѓокереш

Евро-фудбал
Европскиот првак ПСЖ го суреди Атлетико

Интернационалци
Дин Аломеровиќ потпиша за УТА Арад од Романија

Прва лига
Шкендија го врати и Ендрит Красниќи
