Пауло Дибала нема да може да помогне три седмици поради повреда на коленото, Алваро Мората се уште не е доволно фит за да може да одигра цел натпревар, па Кристијано Роналдо е единствената напаѓачка опција за Јувентус. Италијанскиот првак го очекува гостување кај Интер на „Џузепе Меаца“, но и дуел од Суперкупот на Италија против Наполи.
Тренерот Андреа Пирло размислува за експресно решение и доведување на нов напаѓач на позајмица. Тоа би можел да биде Џанлука Скамака, младиот напаѓач кој е соиграч на Горан Пандев во Џенова, но всушност е позајмен од Сасуоло.
Клучен ден за можниот ангажман на Скамака во Торино е утрешниот, со оглед дека Јувентус и Џенова ќе играат осминафинален дуел во Купот на Италија. Доколку Скамака одигра на потребното ниво, би можел веднаш да го убеди Пирло да го добие како позајмен играч до крајот на сезоната.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













