Connect with us

Пипо Инзаги е нов тренер на Салернитана

Салернитана официјално објави дека Филипо Инзаги е нов тренер на тимот. До неодамна, славниот напаѓач ја предводеше Реџина во Серија Б.


Сопственикот на Салернитана, Данило Јерволино, реши да го отпушти претходниот ментор Пауло Соуса поради неубедливиот настап на тимот од почетокот на сезоната.


„Морските коњчиња“ го заземаат претпоследното 19. место на табелата во Серија А.


Според информациите од Апенините, Филипо Инзаги ќе потпише договор до крајот на сезоната со опција за продолжување доколку Салернитана остане во елитата. Новиот тренер ќе биде официјално претставен пред медиумите утре напладне.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови