
Тренерот на Милан, Стефано Пиоли, го коментираше поразот на „росонерите“ со 1-3 од Борусија Дортмунд во натпревар од петтото коло од групната фаза на Лигата на шампионите. Поразот ја стави миланската екипа на последното место во нивната група Ф, што ги прави речиси невозможни нивните шанси за пласман во следната фаза од турнирот.
„Го загубивме натпреварот, но можевме да го одиграме според нашите планови. Така беше со пеналот, така беше минута пред нивниот втор гол, кога можевме да поведеме од контранапад, но не успеавме. Кога нема да постигнеш гол и веднаш ќе примиш, тоа го крши духот. Требаше подобро да се браниме. Имаше ситуации во кои требаше да го превртиме мечот во наша корист, но тоа го стори противникот, кој делуваше поконкретно, посмирено и подобро ги искористи своите шанси. Разочарувачка вечер за нас“, изјави Пиоли по поразот во ЛШ.
Милан падна на последната позиција на табелата со 5 бода, два помалку од второпласираниот ПСЖ.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Жоао Феликс: Сакам да се вратам дома, во Бенфика

Евро-фудбал
Порто го назначи Франческо Фариоли за нов тренер

Евро-фудбал
Мартин Зубименди е нов играч на Арсенал

Евро-фудбал
Барселона тргнува по Рафаел Леао
