
Тренерот на Милан, Стефано Пиоли, останува резервиран и покрај важната победа од 4-0 на гостувањето кај Динамо Загреб. На италијанскиот шампион му треба само бод во последната средба со Салцбург за да се пласира во осминафиналето на ЛШ.
„Дали ова беше нашиот најдобар натпревар во Лигата на шампионите? Имавме тежок почеток, но како одминуваше времето станувавме се поопасни и создававме многу шанси. Сепак, важно е што направиме уште еден чекор и ќе се обидеме да ги израдуваме нашите навивачи. Знаевме дека нема да биде лесно и не смеевме да си дозволиме да го потцениме противникот. Сакаме да одиме напред, во нокаут фазата, што не можевме да го направиме минатата сезона“, изјави Пиоли.
Тој веднаш се фокусира на следниот меч од Серија А.
„Сега размислуваме само за натпреварот со Торино. Се уште не треба да бидеме фокусирани на Салцбург, а уште помалку на тоа дека и реми ќе ни биде доволно за да се пласираме во осминафиналето“, изјави тренерот на Милан.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Женски фудбал
ЖФК Љуботен со убедлив пораз од Розенгард во ЛШ
