Тренерот на Милан, Стефано Пиоли, призна дека неговиот тим заслужил дебакл на дуелот против Лацио на „Олимпико“. Актуелниот шампион загуби со 4-0 во натпреварот од 19. коло во Серија А и сега Милан има дури 12 бода негатива во однос на лидерот Наполи.
„Очигледно не играме најдобро што можеме. Има многу работи што не функционираат во моментов. Нашиот менталитет, нашето однесување…Дозволивме ситуации кои секако требаше да ги одиграме поинаку“, изјави тренерот на Милан.
Росонерите“ веќе беа во криза пред овој меч, но катастрофалниот пораз на „Олимпико“ само ја потврди нивната моментална состојба.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













