Connect with us

Пиоли: Голот на Жиру ме потсети на Франческо Тоти

Тренерот на Милан, Стефано Пиоли, по драматичната победа од 2-1 над Специја изјави дека голот на Оливие Жиру го потсетил на легендарниот удар на Франческо Тоти во римското дерби. Францускиот интернационалец со атрактивен настап и волеј-удар во скок, со гол во 89. минута им ги донесе трите бода на „росонерите“.


„Неверојатно додавање на Тонали и уште поневеројатен гол на Оли. Веднаш помислив на начинот на кој Франческо Тоти постигна гол на едно од дербијата меѓу Рома и Лацио. Тогаш водевме 2-0, но мечот заврши нерешено“, се наврати Пиоли во минатото, кој е поранешен тренер на „римските орли“.

„Знаев дека ќе игра Даниел Малдини и имав чувство дека ќе ни даде гол. Овие работи се чувствуваат. Мислам дека тоа беше совршена вечер за Паоло Малдини бидејќи неговиот син постигна гол, а Милан победи“, дополни Пиоли.

„Можевме се да одлучиме пред паузата. Секогаш е можно да се прими гол, но не смеете да престанете да играте и да бидете фокусирани. На крајот победивме и тоа е најважно“, заврши тренерот на Милан.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови